Почина постариот брат на Мадона, Ентони Циконе

Најстариот брат на музичарката Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди Џо Хенри, сопругот на сестрата на Мадона Мелани Чиконе. Причината за смртта е непозната.

 

“Мојот зет, Ентони Џерард Чиконе, не напушти синоќа. Го познавам од мојата 15-та година. Ентони беше сложен лик, но јас го сакав и го разбирав подобро отколку што понекогаш бев подготвен да му кажам. “, напиша Џо во изјавата.

Мадона порасна со пет браќа и сестри, од кои најстариот беше Ентони. Мадона се преселила во Њујорк во 1978 година за да се занимава со танцување, додека нејзиниот најстар брат останал во Мичиген и станал бездомник и зависник од алкохол.

 

Тој стана бездомник

Со години спиел под мост во Мичиген, а семејството на Мадона во 2017 година изјавило дека ќе му помогнат. Ова дојде откако Ентони со години јавно кажуваше дека неговото семејство му го свртело грбот.

 

index.hr