Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Како што информираат од МВР, пријавените, Ф.С. (33) и Ф.Ј. (31), во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба.
На тој начин тие довеле во заблуда оштетено лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правно лице на кое што застапник бил второпријавениот.
„Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и понатаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција“, се наведува во соопштението од МВР.
На пленарната сесија на Парламентот, по воведното обраќање на премиерот Ковачевски, пратениците ќе ја разгледуваат владината Информација за содржината на…
Официјалните институции потврдија дека во катастрофалниот пожар што синоќа ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 51 лице. Полицијата приведе неколку лица…