Најшокантното нешто со кое се соочуваат патниците наутро е главно доцнење на возот, но луѓето на железничката станица Патна Џанкшн во индискиот град Патна беа изненадени од многу необична глетка.
Имено, на екранот кој се наоѓа на станицата нешто пред 10 часот наутро почна да се прикажува експлицитно видео од секс. Стотици патници биле зачудени што наместо вообичаените реклами, на екранот се прикажува порно филм.
Видеото се прикажуваше околу три минути, а потоа беше прекинато поради бројни поплаки, пишува Тајмс оф Индија. Во тоа време на железничката станица обично имаше гужва, а така беше и сега.
Сепак, имаше и такви кои ја снимија таа сцена, па сега видеото е вирално на Твитер. Додека некои се лути поради оваа грешка, на други оваа ситуација им е крајно смешна.
index.hr