7 април 2023 година, Букурешт, Романија – Од средата до недела, Здружението на Македонците во Романија учествува со свој штанд на Саемот на книгата Гаудеамус во Клуж-Напока.
– Повелете на нашиот штанд да не’ запознаете, да ви раскажеме за македонските традиции и обичаи, но и да ви понудиме каталози со автентични рецепти, книги за деца, македонско списание или други македонски изданија, – велат од Здружението.
Саемот на книгата се организира на плоштадот Унија, на површина од 850 квадратни метри, на кој својата понуда ја покажуваат многубројните издавачи, продуценти и дистрибутери на романски и странски книги.
Саемот е отворен од 10:00 до 20:00 часот, а влезот е слободен.
Поканата важи за сите Македонци и за сите читатели на добра книга.
фото Тодор Петров ФБ