Повреден моторциклист од Охрид во сообраќајна незгода во Гази Баба

0
155

Вчера во 16:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Александар Македонски“ со улиците „Интернационални бригади“ и „16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 62-годишниот А.Ш. од скопското село Студеничани, и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот A.А. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.