Две жени лежат во еден кревет во болницата во Сисак

0
148

Хрватската јавност е згрозена откако се појави фотографија направена во Општата болница во Сисак и каде се гледа дека  две пациентки лежат во ист кревет.

Во Сисак ОБ, две пациентки се забележани како лежат на една носилка (кревет за префрлање на неподвижни пациенти).

„Додека пратеничката Маја Грба-Бујевиќ се слика со директорите на болниците, добиваме слика од Сисак каде што од итната помош немаат доволно кревети и ставаат двајца пациенти на една носилка. Многу хумано за 21 век“, се вели во описот на објавата.

Инаку, од болницата рекоа дека тоа било само за кратко, затоа што имало наплив на пациенти, а немало доволно простор.

Од болницата одговориле дека во петокот во периодот од 13 до 15 часот имало повеќе од 60 пациенти, меѓу кои и голем број тешки случаи кои морале да бидат прегледани, дијагностички и хоспитализирани. Луѓето коментираа дека додека не излезат на улици да се бунат ќе биде исто, но и дека вакво нешто не виделе досега.

 

index.hr