Во Љубљана околу 15 часот се слушнале истрели од огнено оружје, а локалната полициска управа соопшти дека две лица починале од прострелни рани на местото на настанот.
Напаѓачот сè уште е во бегство, соопштија полициските службеници кои го обезбедуваат местото на престрелката и трагаат по сторителот. Според неофицијални информации на словенскиот портал 24ur.com, пак, и пукачот е пронајден мртов.
Ве молиме да ги почитувате упатствата на полициските службеници за да не ја попречувате работата на итните служби, нагласи полициската управа на Љубљана.
фото: Архива