Во Словенија падна снег среде лето

По силното невреме, во Словенија денеска падна снег.

Аномално време го зафати подрачјето на Европа. Додека во некои делови се разгоруваат пожари поради огромната топлина, во други силното невреме предизвикува огромни материјални штети. Камерата на Кредарица сними краткотрајни врнежи од снег, а на највисоката метеоролошка станица е 1 степен.