(ВИДЕО) Танц околу огнен змеј во Хонг Конг

Танцување околу огромен, украсен, огнен змеј низ тесните улички на историски кварт на Хонг Конг во четвртокот (28 септември), ги воодушеви илјадниците гледачи додека овој вековен ритуал се врати по четиригодишна пауза.
Змејот, долг 67 метри бил конструиран со помош на гранки, бамбус и бисерна трева. Бил украсен со близу 12 000 запалени стапчиња, кои ги носеа 300 изведувачи, придружени со звуци на тапани.
Повеќе од 140 години, населбата Таи Ханг ја одржува оваа традиција, која започна како начин да се одбегне чумата по тајфунот и оттогаш стана иконичен настан за прослава на фестивалот во средината на есента во Хонг Конг.
Танцот на огнениот змеј е вклучен во кинеската национална листа на нематеријално културно наследство во 2011 година.
VOA