Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, двојни редовни избори на 8 мај е само желба на Мицкоски

0
150

Премиерот Ковачевски не одговори конкретно дали за него 8 мај е прифатлив датум за двојни избори, редовни парламентарни и претседателски во втор круг, како што предложи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, објави Канал 5.

Тоа прашање, додава, треба да го решат сите политички партии заедно во рамки на собраниска работна група, а не само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а дотогаш вели дека термините кои се споменуваат се само желби и шпекулации. Она што е јасно, според Ковачевски, е дека предвремени избори веќе не се опција.

-Опозицијата во неколку наврати велеше дека изборите ќе бидат бидат предвремени, ќе биде минатата година во јуни, па минатата година во септември, па минатата година во декември, па потоа ова година во март, па ова година во септември па ова година во ноември. На крај да каже опозицијата дека ќе има редовни избори. Кога ќе бидат усогласени сите ставови тогаш може да биде информирана и јавноста. До тогаш се е на ниво на желби, на ниво на шпекулации а јас никогаш не комуницирам ни на ниво на желби ни на ниво на шпекулација,- Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Предлогот на Мицкоски за избори на 8 мај, во среда, е во рамки на редовните рокови од Изборниот законик, како последна опција за споени избори по кои новиот претседател би можел навреме да стапи на функција.. Дали ќе се најде компромис сега се чека од работни групи, но засега ниту од владејачките, ниту од опозициските партии нема одговор кој ќе ги иницира. Објаснувањето на опозицијата зошто да нема одвоени избори е дека непотребно би се потрошиле милионски суми за целиот процес, но и дека се заканува уставна и политичка криза доколку не се стигне до цензусот од 40 проценти за избор на претседател.

извор:Канал 5