Комерцијална банка преку Македонска берза соопшти дека се стекнала со сопственост врз металуршкиот комбинат „Еуроникел“, поранешен „Фени“, каде што банката е главен доверител.
„Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека на 11.12.2023 година во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот ‘Еуроникел индустри’ ДОО с. Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993 евра“, се вели во информацијата на Комерцијална банка доставена до Берзата.
Денеска за промената на сопственоста известија и од синдикалната организација на комбинатот, од каде што посочија дека банка доверител го презела имотот на фабриката.
а1он.мк