Силен Азорски циклон ќе ја зафати Македонија

По најновиот снежен бран кој ја зафати Македонија, и направи многу проблеми, од утре до четврток силен Азорски антициклон ќе ја зафати нашата територија.

Времето ќе биде стабилно, суво и со повеќе сонце, особено на повисоките места и на планините, додека по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, и истата локално се очекува да биде густа. НАПОМЕНА: Маглата и ниската облачност понекаде во котлините ќе се задржи и преку ден, со што и температурите на воздухот ќе останат ниски.

Во Скопје и околината исто така ќе имаме стабилно и суво време, но во котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, кои би можеле да се задржат и преку целиот ден, со што и температурата ќе остане пониска.

Токму поради ова и поради можната намалена видливост, на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи.

Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде остануваат под нулата, а маскималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Барем според моменталните анализи со кој располагаме, нов бран на врнежи од дожд и снег се очекува од петок, најавува метеопрогнозерот Славо Попоски.