(ВИДЕО) Здраво јас сум Елиф и доаѓам од Македонија, рече Елиф Елмас на претставувањето во новиот клуб

Здраво јас Елиф Елмас и доаѓам од Македонија-рече Елиф на претставувањето во новиот клуб.

Тој објасни и што очекува во дресот на Лајпциг.

Со моето семејство ќе се преселам во Лајпциг. Со мене ќе дојдат и моите родители и браќата и сестрите. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за РБЛ и добро го познава градот. Од него добив неколку совети. Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам, потоа ќе го видите вистинскиот Елмас“, беше пораката на Елмас.

https://twitter.com/i/status/1742975660228792730