Со бензин полеал вработен во објект за технички преглед во Гостивар – не бил задоволен од услугата

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (22 јануари ) околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода И.Р.(44) од гостиварското село Градец.

Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото.

Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.

Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.