Локализиран пожарот во Специјалната болница на Златибор, евакуирани пациентите и вработените

0
120

Локализиран е пожарот што избувна половина час пред полноќ во Специјалната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“.Во моментов се работи за тој целосно да биде изгаснат.

Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ за РТС изјави дека за пожарот на петтиот кат од болницата бил информиран во 23 часот и 30 минути и веднаш излегол на местото на настанот.

Пожарот ги зафатил покривот и горниот кат на зградата. Меѓу евакуираните пациенти има и триесет деца.

Според РТС, околу 50 пожарникари од Противпожарната бригада во Чајетина го гаснеле пожарот.

Директорот на болницата за РТС изјавил дека успеале да ги сместат неподвижните пациенти во околните хотели.

-Веќе имаше работници во трета смена, и здравствени работници и немедицинска безбедносна служба, кои почнаа да ги евакуираат пациентите на долните катови. Имаше десетина деца – изјавил Симиќ.

фото: Инстаграм