Пецаков: Активностите за асфалтирање на улици на териорија на Општина Охрид продолжуваат

Активностите за асфалтирање на улици на териорија на Општина Охрид продолжуваат.

Денеска, во рамки на програмата за асфалтирање на пристапни улици и патишта во рурални средини, се врши асфалтирање на краци од улици во село Лескоец.

Асфалтирани се вкупно 280 метри со просечна ширина од околу 4 метри. Зафатите ги изведува АД Илинеден, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.