МУП Србија ја прекина потрагата по Данка кај Бор: Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор

По 27 часа интензивно пребарување на теренот, министерството за внатрепни работи на Србија ја запре натамошната потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско поле и во Брестовачка бања. Според српското МВР, сите досегашни информации укажуваат дека исчезнатото девојче не е во тоа подрачје од околу 10 квадратни километри.

Полицијата во меѓувреме продолжува со оперативни активности за утврдување на сите факти и околности во врска со исчезнувањето на двегодишната Данка. Во потрагата по неа од денеска се вклучени и припадници на белградската криминалистичка полиција и форензичари. Родителите на исчезнатото девојче беа на полиграфско теститање, а телефонот на нејзината мајка е даден на вештачење.

Данка Илиќ исчезна во вторникот попладне во местото Бањско поле кај Бор.