Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран во областа Пиргос, на длабочина од 17 километри.

Земјотресот е регистриран во 9:12 часот по локално време.

Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6 степени, но набрзо тој бил сменет на 5,7.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ известуваат дека земјотресот бил силен.

 

telegraf.rs