Во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека в саботата навечер околу 23.00 часот на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и допирана по телото од неколку малолетници, кои ги познавала од претходно.
Од скопската полиција се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во неделата, пак, во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје.
Според пријавеното, околу 22.40 часот на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје, тој и негов другар биле нападнати со дрвени и метални предмети од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.