Денес кај нас во Македонија очекуваме краткотрајна стабилизација на времето, иако ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Денес преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени
Од утре веќе, и тоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, влегуваме во нов период на многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер и невреме, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
meteoalarm.mk