Јаневска: Ќе се обидеме да го рестартираме образованието, а во исто време да направиме и подобрување на квалитетот

Реорганизацијата на министерствата го помина првиот собраниски филтер- 74 пратеници од новото владејачко мнозинство гласаа „за“ законот да оди по скратена постапка, додека опозициските од СДСМ, Левица и дел од ДУИ гласаа „против“ потребата од брза процедура.. Мандатарот за состав на Владата Христијан Мицкоски од собраниската говорница побара поддршка од цел парламент, бидејќи според него трансформацијата на постоечките ресори, укинувањето на агенциите и дел од постоечките јавни претпријатија, ќе значат ефикасна извршна власт.

Законските измени за организација на државната управа попладнево ќе се разгледува на комисиска седница за политички систем, која може да трае најдолго три дена. Пратеничката група на СДСМ засега го кажа само ставот од технички аспект, дека се против скратена постапка за системски закон, како што рече нивниот координатор, особено поради тоа што се зголемуваат бројот на министерство и нема ниту проценка како тоа ќе влијае на регулативата.

Забелешка имаа и пратениците од Левица затоа што доцна синоќа законот бил повлечен, доработен па повторно пуштен во процедура. Доколку по комисиските филтри овој закон биде изгласан, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за спорт. Во социјална политика ќе се додадат секторите демографија и млади, а ресорот труд ќе премине во Министерството за економија, додека туризмот ќе биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација се дели на две посебни министерства – за дигитална трансформација и за администрација..