Николоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно!

0
135

Тоа што го ветуваме го реализираме, со огромно мнозинство!, порача доцна во ноќта потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, објавувајќи го изгласаниот закон, со кој ќе биде направена реорганизација на министерствата и кој беше поддржан од 88 пратеници.

-Законот за реформа на министерствата и органите на државната управа е изгласан со 88 пратеници ЗА! Прва голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите!
Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство!
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно!
За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.