Прва помош при каснување од поскок – што треба да правите, а што не!

Граѓаните се почесто пријавуваат дека во нивната околина забележале змии. Топлото време очигледно ги раздвижи влекачите. Надлежните секојдневно со апели како граѓаните да реагираат што забележат змија. Пред два дена Змија поскок касна двајца мажи од Велес, по што беа префрлени се на Инфективна клиника во Скопје.

Прва помош при каснување од поскок: ‼️

⏩ – се грижиме за нашата безбедност при спасување и истерување на змијата;
⏩- за помош јавете се на бројот 112;
⏩- отруениот мора да мирува;
⏩- отстрануваме часовници, алки, прстени и друг накит;
⏩- раната се чисти, стерилно се преврзува и се лади со облоги;
⏩- го имобилизираме екстремитетот, можеби со гранка или со стап;
⏩- погодениот екстремитет треба да лежи пониско од срцето;
⏩- се грижиме за превоз до болница 🚑, во случај на труење на планина и во непристапно подрачје, планинските спасувачи можат да ни помогнат со хеликоптер;
❌- затруениот не смее да пие алкохол.

Противотровот се користи во болница доколку отокот се прошири преку екстремитетот преку поголем зглоб, на пр. лактот, или ако се појават системски знаци на труење, на пр. хипотензија.

❌ Што да не правите по каснување од змија отровна:
🎯• не треба цврсто да ја преврзете раката или ногата преку каснувањето
🎯• не треба да правите вкрстен исечок на местото на каснувањето или да ја запалите раната
🎯• не треба да се обидувате да го исцицате отровот