Коцката е фрлена за онлајн фирмите на Државна лотарија

0
72

И власта и опозицијата се согласни на делумно затворање на обложувалниците и казината во Северна Македонија, но, во различни сфери од нивното функционирање.

Првите се залагаат за нивно укинување во онлајн просторот и преполовување на физички достапните објекти до 57 насто, додека коалицијата Европски фронт поднесе законски измени кои се однесуваат исклучиво за целосно затворање на овој бизнис во селата и градовите и нивно селење во хотели со пет ѕвезди и затворени објекти недостапни за малолетници.

Владејачкото мнозинство во Собранието бара укинување на лиценците на новите три компании за онлајн игри на среќа кои Државна лотарија преку јавен повик заеднички ги основаше со приватен капитал од Србија, Црна Гора и Бугарија. Во овие новоформирани компании, државното Акционерското друштво има 51 насто од сопственоста, додека приватните фирми 49 насто.

Станува збор за компаниите „ Државна лотарија – 77 Битс ДОО Битола“, каде косопственик е бугарската Телематик Интерактив Бугарија АД.

Потоа „Државна лотарија – Везув ДОО Скопје“. чиј странски капитал е на истоимената фирма „Везув“, која е најголемиот ланец на обложувалници „Волкано“ во Црна Гора и последната „Државна лотарија – Моззарт ДОО Скопје“ во партнерство со српската „Моцарт ДОО Белград“ која важи за една од најголемите компании за игри на среќа во регионот.

 

slobodnaevropa.mk