Голем пожар во Стар Дојран, зафатени се три куќи – се врши евакуација

Службите ги евакуираат жителите на Дојран откако пожарот кој од депонијата стигна до градот зафати три куќи.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека засега нема повредени.

-Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација, вели Ангелов.