Викендов со пониски температури и со северен ветер, но и со повеќе сонце!

0
7

Денес (сабота) како и утре (недела) поради продор на малку посвежа воздушна маса од север, во Македонија ќе има опаѓање на температурите за околу 5 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

Денес, особено Долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопскиот регион, исто така денес (сабота), како и утре (недела) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Денес (сабота) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во овие два дена ќе се искачува до околу 24 степени.

Утринските температури исто така ќе бидат пониски, особено утре (недела) кога ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk