Тешка сообраќајка се случила рано утринава на А2 на југот на Лимбург. Едно лице загина, а најмалку осум лица се повредени, изјави портпаролот на полицијата.
На две повредени лица им била укажана помош на лице место, а другите шест се пренесени во болница.
Во судирот кај Меерсен, околу 5 часот и 30 минути, учествувале неколку возила. Околностите се уште се нејасни. Засега не се знае ништо за состојбата на повредените жртви и идентитетот на инволвираните.
Поради истрагата, А2 е затворен во правец на север северно од Мастрихт. Треба да се замени и асфалтот. Според Rijkswaterstaat, патот ќе остане затворен најмалку до 16 часот.
извор: НОС Холандија