Икона со чудотворна моќ се наоѓа во црквата Св.Петка во Црниче

Во црквата Св.Петка во скопската населба Црниче се наоѓа една чудотоворна икона која се чува во олтарот на храмот.

Храмот е подигнат и осветен во 1923 година, но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црква бил извршен во 1904 година.

Приказната за чудотворната икона со исцелителна моќ е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева која била родена во 1915 година. На 26 годишна возраст таа почнала да живее во станот на еден свештеник кој заминал за Србија. Таа во подрумот од станот пронашла необична икона од Пресвета Богородица за која никој незнаел дека постои.

Иконата на Пресвета Богородица стоела во еден агол од собата .Покрај нејзе и останатите две икони постојано горело кандило. Тогаш започнале да се случуваат чудни нешта. Ноќе необичен звук и тропање се слушале од местото каде што се наоѓала иконата на Богородица.

Една ноќ сопственичката забележала како сребрена монета паѓа од иконата, тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа.Едно утро кога се разболела од очите на иконата потекле солзи. Таа не можела да поверува во глетката се додека солзите не ги собрала во еден сад. Подоцна иконата ја покажала својата чудотворна моќ.

Сопственичката го послушала советот на тогашниот старешина на црквата Св.Петка Ацо Стојкоски и иконата ја предла на божјиот храм каде што се наоѓа и до ден денес.

Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи но и од многу болести. Многу лековити извори се наречени Петочни води.

 

olabavi.me