Посета на министрите Тошковски и Филков и претставникот на УНХЦР Габриел де Годој на прифатно-транзитниот центар Винојуг – Гевгелија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за правда Игор Филков и претставникот на УНХЦР во Македонија Габриел Гулијано де Годој денеска го посетија прифатно-транзитниот центар Винојуг – Гевгелија.
Делегацијата беше запознаена со редовните активности во прифатно-транзитниот центар за бегалци и мигранти за потоа да одржи состанок на кој се разговараше за повеќе важни точки.
На состанокот беше разгледана посветеноста на Македонија кон Глобалниот форум за бегалци за подобрување на статусот на барателите на азил до 2027 година, унапредување на државниот систем за баратели на азил до 2027 година и итната потреба од решавање на правниот статус на привремените транзитни центри. Во насока на соработка со полицијата беше разгледано прифаќањето на Стандардни оперативни процедури, сместувањето на луѓе во центарот за странци во миграциски притвор и иницирање на процесот на креирање стандардни процедури за пристап до процедури за азил на меѓународните аеродроми.
Разгледани беа и плановите за имплементација на Акциски план за соработка со Центарот за обука МВР каде идните полициски службеници подобро ќе можат да се едуцираат за бегалските права.