Годинава за прв пат во водите на Јадранското море ќе биде положен Светиот Крст. Имено Далматинската епархија од страна на Српската православна црква за прв пат годинава ќе го положат Светиот Крст во водите на Јадранот.
Пријавени се околу 30тина капачи кои ќе скокаат по чесниот Крст.
Утрово Света Богослужба се служи во црквата Св.Архангел Михаил во с. Смиљчич, а чинот на полагање на светиот крст ќе биде во месноста Карин со почеток во 13 часот.