Жителите на Санторини го напуштаат грчкиот остров поради серијата земјотреси

Жителите на Санторини го напуштаат грчкиот остров поради серијата земјотреси и заканата од цунами и вулканска ерупција. Сеизмичката активност е нагло зголемена, со неколку нови, силни земјотреси забележани. Следете ги сите настани во нашиот блог во живо!

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди Санторини во зори

Сеизмички потрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник во 04:46 часот, со епицентар на 21 километар југо-југозападно од градот Аркесини на островот Аморгос, соопшти Геодинамичкиот институт. Фокусната длабочина на земјотресот е проценета на 5 километри.

По главниот земјотрес следеле три помали последователни потреси со јачина од 3,8, 4,1 и 3,5 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Грчките граѓани добија предупредување: Упатство за заштита во случај на земјотрес

Со цел да се зголеми безбедноста при појава на нова сеизмичка активност, надлежните органи издадоа препораки за заштита, како внатре во домовите, така и на отворено.

 

 

faktor.mk