Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола.
Денеска заедно со вицепремиерот Меџити и мојот колега министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла бевме во посета на граничниот премин „Блаце“ на увид на финализирањето на инсталацијата на техничката опрема и системи, за во краток временски период да го почнеме тест периодот на системот „One Stop Shop“ којшто треба да овозможи побрз премин на нашите граѓани кои патуваат помеѓу Македонија и Косово.
Констатиравме дека сета опрема од технички аспект којашто треба да се имплементира и инсталира е во фаза на инсталација и започнуваме со подготовки на вмрежување на двата системи. Имавме можност да видиме како ќе функционира технички тоа, во рамки на една единствена платформа. Информациите ќе се споделуваат меѓу двете министерства со цел да овозможиме со проверка на само еден полициски службеник косовските граѓани да влезат во Македонија и македонските граѓани да влезат во Косово. Секоја држава го штити својот влез.
Со овозможување на мали градежни зафати кои што ќе овозможат проширување на влезовите кон Македонија, ќе создадеме соодветни услови и влезот кон Косово од моменталните три кабини да биде на шест позиции.
Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце
