Кибер актерите со седиште во Кина постојано ги компромитираат мрежите на големите американски и глобални телекомуникациски провајдери за да спроведуваат широки кампањи за кибер шпионажа, соопшти американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа.
„Со оглед на значителната големина и обем на злонамерните кибер активности на Кина, Владата на Соединетите Држави работи со сојузниците и другите за проширување на капацитетите за кибер безбедност за да се спротивстави на заканите што ги претставуваат злонамерните кибер актери спонзорирани од Кинеската комунистичка партија“, се вели во одговорот што го доби РСЕ од Амбасадата на Соединетите Држави во Подгорица.
Една од трите телекомуникациски компании во Црна Гора користи 5G базни станици од кинеската компанија Хуавеј (Huawei).
А дека токму Хуавеј претставува „значително поголем ризик“ од другите добавувачи на 5G технологија, потврди и функционер на Европската комисија за РСЕ.
И функционер на НАТО за РСЕ изјави дека нејзините членки „се должни да спроведат темелни проценки на ризикот и ранливоста“ во оваа област.
slobodnaevropa.mk




