Ивановски: Железницата вози со 10 км/ч на пруги поставени во 60-тите

Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се движат со 10 км/ч и драматичниот пад на бројот на вработени – тоа ја открива длабочината на децениското занемарување на ова претпријатие, вели директорот на Македонски железници – Транспорт Синиша Ивановски во интервју за РСЕ.

Г-не Ивановски, зошто во време на дигитална трансформација и вештачката интелигенција, на веб-страницата на Македонски железници сè уште граѓаните не може да купат он- лајн билет ?

Не е само тоа. Прашање плус е зашто нема апликација за од телефон да се купува карта. Се согласувам дека тоа не е во ред. Од друга страна, не сакам да се изземам од одговорност поради тоа што за тоа е одговорно другото претпријатие на Македонски Железници – Транспорт, кое што го организира транспортот и купувањето на билети за потребите на железничкиот сообраќај. Она што не е добра ситуација, е тоа дека транспортот е спуштен на многу ниско ниво. Има сериозно намален број на патници за разлика од пред десетина, 15 години до сега и ако ги бараме причините зошто има се помалку патници, претпоставувам дека тие не ја препознаваат железницата како алтернативно решение.

А за да ја препознае некој како алтернативно решение, треба да има и соодветни услови: Прво треба да има удобност, комфорт во неговото возење, да има безбедност, брзина и нормално да има дигитални технолошки алатки коишто го олеснуваат начинот, на пример, на купување на билети.

Се согласувам дека дека претпријатието треба во најскоро време и сигурен сум дека веќе почнуваат да работат на таа фаза на тикетинг, колку што може дигитализацијата да влезе подлабоко и карти да се купуваат и онлајн и на апликација.

 

 

 

slobodnaevropa.mk