Граѓани вечерва ќе се соберат пред поранешната дискотека Пулс во Кочани, со цел да им оддадат почит на жртвите од трагедијата што го потресе градот.
Собирот е закажан за 02:15 часот, кога присутните ќе се соберат во тивко сеќавање и почит кон 63-те прерано згаснати животи.
Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе биде оддадена почит со едноминутно молчење.
Организаторите повикуваат граѓаните заедно да застанат во тишина и со светлина од свеќи да покажат дека жртвите нема да бидат заборавени, испраќајќи порака на сеќавање, почит и љубов.




