СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Жолто и портокалово ниво на предупредување

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместува над нашата територија  и условува да имаме многу нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер  и локална појава на невреме.

Целата територија на Македонија се наоѓа во жолта  и во портокалова предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд и локалната појава на невреме.

Поради продор на посвеж воздух од северозапад, времето ќе биде посвежо со температури кои ќе се искачуваат во ијнтервалот од 21 до 28 степени, а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 24 степени, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk