Дата центрите, најавени како двигател на дигиталната економија, отворија сериозни прашања за струјата, водата и улогата на државата во нивната изградба. Партиите ДОМ и Левица со низа забелешки предупредуваат дека измените на законите се туркаат без транспарентност, со можни последици врз струјата, водата и локалните заедници.
Демократската обнова на Македонија (ДОМ) реагира на начинот на кој во Собранието помина првиот филтер за измените во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, кои сметаат дека се „скроени по мерка на инвеститорите во дата-центри“. Според партијата, недозволиво е зад затворени врати да се воведуваат нови исклучоци и рокови во овие закони.
„Под изговор дека се работи за инфраструктура за дигитални податоци, власта воведува скандалозни, максимално скратени рокови со цел целосно да ја исклучи јавноста и локалното население од одлучувањето“, велат од зелената партија.
Тие алармираат за можни манипулации во процедурата и ограничување на правото на јавноста да поднесува забелешки.
DW




