Трамп за помалку од 24 часа на својата мрежа привлече над 100.000 корисници

Доналд Трамп се врати во светот на социјалните мрежи. Како што беше најавено од Trump Media & Technology Group, вчера Трамп ја лансираше својата нова социјална мрежа – Truth Social.

Truth Social за помалку од 24 часа се проби на првото место на најпопуларните апликации во App Store, а според бројачот во самата апликација, повеќе од 100.000 луѓе веќе се пријавиле за пристап или креирање профили.

Дали Truth Social ќе му даде на Трамп истиот досег и популарност што ги имаше на Твитер, пред се зависи од содржината што ќе ја објави. Досега на профилот на Трамп е објавена само една објава.

Фото:

Spiegel