Шестмина Грци загинале, а уште толку се ранети при бомбардирање во близина на украинскиот град Мариупољ

Шестмина Грци загинале, а уште толку се ранети при бомбардирање во близина на украинскиот град Мариупољ, поради што Грција го повикала рускиот амбасадор во Атина и му врачила протест.

Грците настрадале при бомбардирање на селата Бухас и Сартанa.

Како што соопшти грчкото министерство за надворешни работи, меѓу ранетите имало и едно дете.

Смртта на нашите државјани предизвикува болка и гнев поради тој неприфатлив напад на цивили – изјави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.