Кина изрази загриженост по руското заземање на нуклеарната централа во Украина

0
300

Кина изрази загриженост за безбедноста по руското заземање на најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, каде што при нападот изби и пожар. и повика на „воздржаност“ во однос на настаните во Украина.

Кинеското Министерство за надворешни работи побара од сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки на Украина.

Претходно азиската банка за инвестиции во инфраструктурата, која е поддржана од Кина и со седиште во Пекинг, соопшти дека ги суспендирала сите операции со Русија и Белорусија, што е можен сигнал за зголемување на тензиите со Москва, откако претседателот Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина пред девет дена.

 

Извор/фото: Слободна Европа