Економскиот совет ги разгледува ризиците и последиците кои ги предизвика војната во Украина и влијанието врз енергетската криза во земјава

Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. Најголемата економската и енергетска криза во современата историја е во полн ек, но со навремени мерки ќе се погрижиме да го заштитиме животниот стандардот на граѓаните, но и да обезбедиме буџетска поддршка за стопанството и ублажување на ценовните шокови, Напиша на својот ФБ профил Премиерот Димитар Ковачевски.

Во објавата премиерот додава: Вечерва со членовите на Економскиот совет разговаравме за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици која таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза.