Бајден одобри пакет помош за Украина во вредност од 13,6 милијарди долари

0
330

Американскиот претседател Џо Бајден го одобри владиниот буџет кој вклучува 13,6 милијарди долари за помош на Украина, јавува Агенцина Анадолија (АА).

Предлог-законот од 1,5 билиони долари беше усвоен од Сенатот минатиот четврток и од Претставничкиот дом ден претходно. Пакетот вклучува широк опсег на зголемувања на трошоците, вклучително и проценетото зголемување од 6 проценти за одбраната.

Средствата наменети за Украина, 13,6 милијарди долари, вклучуваат хуманитарна помош, и го снабдува Киев со директна економска помош.

„Оваа војна направи речиси три милиони Украинци бегалци и нивниот број се зголемува од ден на ден. Во моментов, 12 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош. Го мобилизираме целиот свет за хуманитарна помош“, рече Бајден.

„Со оваа помош ќе се обидеме да ги залечиме раните нанесени од војната на Путин врз народот во Украина и регионот“, додаде Бајден.

Инаку, напорите за зголемување на американското финансирање за Украина добија ретка двопартиска поддршка.

Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна истапување на глобални фирми од Русија.

Најмалку 691 цивил загинаа, а 1.143 се повредени во Украина од почетокот на војната, според ОН, а повеќе од 3 милиони бегалци заминаа во соседните земји.

извор: Агенцина Анадолија (АА).