Утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи, објави Телма.
Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.
„Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност“, информираше во Топ Тема, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
извор и фото: Телма.