Османи: Во пресрет на Денот на НАТО, МНР и други институции осветлени во боите на Алијансата

0
269

Во пресрет на Денот на НАТО, ја осветливме зградата на МНР заедно со други владини институциите во боите на Алијансата, со цел одбележување на 73 годишнината од формирањето на НАТО, напиша на својот Фејсбук-профил Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици. Како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана на мирот, безбедноста, слободата и демократскиот просперитет“, напиша Османи.