Уникатниот вкус на албанската кујна, питата „Флија“

​​​​​​​ „Флија“, еден од најважните вкусови на албанската кујна, позната и како кралица на питите, продолжува да ги украсува софрите, и покрај исцрпувачкиот процес на производство. Оваа специјална пита, која обично е дел од косовската кујна, се подготвува и во северните делови на Албанија, Северна Македонија и во различни земји каде што живеат албански имигранти. Кај Турците во Северна Македонија, „флија“, која е незаменлив дел од албанската кулинарска култура, позната е и како „пита во низа“, објави Агенција Анадолија. 

Оваа пита се прави од кашеста смеса, која се состои само од брашно, вода и сол. За подготовка на „флија“ потребен е долг и напорен процес.

„Флија“ се формира со истурање на подготвеното тесто во слоеви во тепсија која е претходно намачкана со масло. По желба, може да се подготвува со путер или сончогледово масло, како и со кајмак.

Секој слој тесто истурен во тепсијата се пече со помош на сач (вршник), кој претходно се загрева на оган. Овој процес трае 2,5 часа. На крајот „флијата“ се остава да се пече на оган половина час.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија.