Грција заплени руски танкер за превоз на сурова нафта, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство.
Пловилото „Пегаз“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот е запленет во близина на островот Евија.
„Тој е запленет како дел од санкциите на ЕУ“, изјави претставник на Министерството за поморство за „Ројтерс“.
Претставник на крајбрежната стража изјави дека бродот е запленет, но не и нафтата што ја превезувал.