Судот во Велика Британија издаде формален налог за екстрадиција на Џулијан Асанж

0
283

Судот во Велика Британија денеска издаде формален налог за екстрадиција на коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во Соединетите Американски Држави (САД) за да се соочи со обвиненијата за шпионажа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Главниот судија Пол Голдспринг ја одобри екстрадицијата по краткото сослушување.

Конечната одлука за екстрадиција ќе биде донесена од министерката за внатрешни работи, Прити Пател, следниот месец, а Асанж ќе може да поднесе жалба пред Високиот суд доколку продолжи со одлуката за екстрадиција.

Асанж ќе се соочи со 18 точки од обвинението за хакирање на компјутерите на Американската амбасада и кршење на Законот за шпионажа доколку биде екстрадиран во САД, како и со потенцијална долгогодишна затворска казна. Може да се соочи со затворска казна и до 175 години.

Педесетгодишникот беше извлечен од Амбасадата на Еквадор во Лондон во 2019 година, каде што беше засолнет повеќе од седум години.

Британската полиција го уапси поради прескокнување на кауцијата во 2012 година и во име на САД поради налогот за екстрадиција.

Судот на Вестминстер се соочи со десетици поддржувачи на Асанж кои побараа негово итно ослободување.

извор: Агенција Анадолија (АА).