Подпретседателот на ЕБОР за политика во посета на Северна Македонија

0
344

Подпретседателот на ЕБОР за политика и партнерство, Марк Боуман ќе ја посети Северна Македонија на 28 и 29 април. Ќе се сретне со Премиерот, Министерот за финансии, владини званичници, како и претставници од приватниот банкарски сектор и инвеститорите.

Заедно со Франсис Малиж, Генералниот Директор на Финансиски институции на ЕБОР, Марк Боуман ќе зборува на конференцијата посветена на централните банки, која е организирана од Народна банка на Северна Македонија и Европската Инвестициска банка (ЕИБ). Ќе оствари средба и со Подпретседателот на ЕИБ.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија, и до денес има инвестирано над ЕУР 2.2 милијарди, во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, која се соочува со еден од најголемите предизвици на земјата – декарбонизација на економијата.

За оваа планирана цел, Банката направи голем број на инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски ресурси, правејќи ја земјата понезависна и поотпорна.

Наредниот проект е 10MW соларна фотоволтаична плантажа изградена на окното на стар рудник со јаглен во Осломеј. Проектот е финансиран од ЕБОР, ЕУ и другите меѓународни донатори, а ќе следат и други капацитети за производство на соларна енергија во таа област, како и 30 MW соларни фото-волтаици во Битола.

ЕБОР и ЕУ помагаат во зајакнување на електричната мрежа и ја поврзуваат со други регионални мрежи. Во Охрид се гради нова подстаница за електрична енергија, која е финансирана од ЕБОР и ЕУ. Преку новиот интерконектор, мрежата на Северна Македонија ќе има зголемени, современи конекции со Албанија, а преку Албанија со Грција, Бугарија, Црна Гора и Италија. Проектот е финална фаза на иницијативата на ЕУ за воспоставување на коридор за пренос на електрична енергија исток-запад, помеѓу овие земји.

Со цел да се подобри отпорноста на приватниот и финансискиот сектор, ЕБОР подготви нови упатства за компаниите во однос на нивното известување за владеење на еколошките, социјалните и управувачките аспекти, објавено во февруари годинава на веб страницата на Македонска Берза.

Помеѓу инвестициските проекти во земјата, кои во моментов се во фаза на разгледување за финансирање, спаѓаат и главната Европска патна мрежа (автопатот во 4 ленти од Скопје до Косовската граница), надградба на управувањето со цврст отпад и голем број на кредитни линии за енергетска ефикасност за локалните банки, кои ќе им се позајмуваат на МСП. Кредитите на ЕБОР ќе бидат дополнети со грантови од ЕУ, Швајцарската влада и други меѓународни донатори.