СДСМ: Мицкоски дејствува по наредба на Груевски, седницата на Извршен комитет е чиста фарса

0
384

Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади, се вели во соопштението од СДСМ. Во продолжение на истото од партијата се додава:

Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски.

Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарса.

Одлуката е веќе донесена, нарачана е од Груевски, а Мицкоски со своите соработници само ќе ја спроведе.