Конзорциум предводен од Тод Боли го купи англискиот фудбалски клуб Челси за 4,25 милијарди фунти, известува Агенција Анадолија (АА).
Досегашниот сопственик на лондонските „сини“, Роман Абрамович, беше принуден да го продаде клубот поради санкциите што Велика Британија ги воведе кон него поради руската војна во Украина, а новиот сопственик и формално ќе го преземе клубот кон крајот на месецот.
Новиот сопственик на лондонскиот клуб е конзорциум, предводен од Тод Боли, сопственикот на ЛА Доџерс.
Тој за акциите на Челси ќе плати 2,5 милијарди фунти што ќе бидат уплатени на замрзнатата сметка на клубот од која трансфер е можен исклучиво со одобрение на британската Влада.
Според најавите на Абрамович, средствата ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.
Преостанатите 1,75 милијарди фунти ќе бидат искористени за развој на фудбалската академија на Челси, фондации, женскиот тим, за стадионите Стемфорд Бриџ и Кингсмедоу и за фондацијата Челси.
извор: Агенција Анадолија (АА).